Македонија
1. November 2019 - 17:58

Катица Јанева бара апанажа

Екс шефицата на СЈО бара да зема апанажа.Од нејзиниот адвокатски тим, за Сител потврдија дека Катица Јанева поднела барање за надоместок од државата како поранешен именуван функционер.. Едно од барањата е лично од Јанева, додека другото е од нејзиниот адвокат, Ирена Фрчкоска Двете барања се испратени до собранието каде комисијата за избори и именувања треба да одлучува дали поранешната специјална обвинителка ќе добива апанажа..

Според законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери, за остварување на правото на апанажа, потребно е функционерот да е невработен, а барањето да го испрати до собраниската архива еден месец пред истек на мандатот.

Освен одлуката за добивање апанажа, Јанева чека апелационите судии да одлучат дали таа ќе го напушти истражниот затвор а како гаранција дека нема да помогне нуди три станови. Од Апелациониот суд велат дека за тоа ќе се одлучува кон крајот на следната недела.

Во меѓувреме, кривичниот суд треба да одлучува по приговорите за случајот Рекет во кој е обвинета и екс шефицата на СЈО. Првиот човек на скопска единица вели дека идната недела ќе се закаже седницата за разгледување на приговорите и оценка на обвинението.

По информациите дека голем дел од предметите на поранешното СЈО се одвиваат бавно, претседателот на Кривичен негираше дека за тоа виновни се судиите. Според Џолев, судењата биле забавени од недонесувањето на законот за обвинителство и преземањето на предметите од републичкиот јавен обвинител.