Катастрофален земјотрес во Загреб, еден загинат
Во време кога Хрватска се соочува со епидемијата на коронавирусот, денес наутро Загреб беше погоден од три последователни земјотреси. Првиот од 5,5 степени, вториот од 5 степени, а третиот со помала амплитуда. Од силината на потресите улиците беа полни со руинирани фасади, тули и други материјали.
Загина едно 15-годишно девојче кое го пронајдоа медицинските тимови без знаци на живот. И материјалната штета во градот е голема.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ ги повика жителите на Загреб кои излегоа на улиците да држат растојание еден од друг поради пандемијата.
„За вирусот, земјотресот не е важен. Тој се шири по своја логика. Сите кои се надвор, Загреб сега е епицентарот, што подалеку едни од други. Знам дека е неопходно да останете заедно, но да се држите подалеку едни од други затоа што го загрозувате и вашето здравје и здравјето на вашето семејство“, рече Давор Божиновиќ, Министер за внатрешни работи на Хрватска.
По првите потреси, сите власти беа активирани за да ги обезбедат жителите, а големо внимание привлече една фотографија на која се гледаат токушто породени мајки, медицински сестри и доктори како држат новороденчиња во рацете.
Хрватска деновиве ја очекуваат и афтершокови. Инаку, епицентарот на најмоќниот потрес бил на само 16 километри од центарот на Загреб на длабочина од 10 километри. Овој земјотрес е најсилниот забележан во Хрватска во последните 140 години.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација