Македонија
13. April 2017 - 8:45

Катастарот ќе го презентира кварталниот извештај од Регистарот на цени и закупнини

Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе го презентира кварталниот извештај од Регистарот на цени и закупнини.

На прес-конференцијата, што ќе се одржи во просториите на Агенцијата во Автокоманда, ќе се обрати директорот Славче Трпески.