Loading Video...
Спорт плус
27. March 2021 - 15:57

Катар домаќин на стартот на новата сезона во Мото ГП

Покрај Формула 1 шампионатот викендов започнува и новата сезона во мотоциклизам. 
 
Првите две трки од новата сезона од календарот во Мото ГП ќе се возат во Катар. 
 
Според најавите Марк Маркез кој поголемиот дел од ланската сезона го пропушти поради повреда, сепак нема да биде дел од овие две трки. 
 
Но, затоа сите останати се подготвени повторно да приредат големи  возбудувања. 
 
Минатогодишниот шампион Жоан Мир и годинава ќе има голема конкуренција во Морбидели, Ринс, Довициозос, Милер, Квартараро, но и најдобриот на сите времиња Валентино Роси кој годинава ќе вози за тимот на Петронас Јамаха.
 
Квалификациите за Големата награда на Катар се во тек, а стартот на утрешната прва овосезонска трка во Мото ГП е во 19 часот.