Свет
27. October 2017 - 16:14

Каталонскиот Парламент прогласи независност

Каталонскиот парламент прогласи независност на регионот од Шпанија. Пред зградата на Парламентот голем број приврзаници на независноста слават поради одлуката на народните избраници.

16.30 - Гласање во шпанскиот Сенат, по денешната расправа за активирање на членот 155 од Уставот на земјата, што предвидува одземање на сите овластувања на каталонските власти.

15.25 – Каталонскиот парламент прогласи независност

14.55 – Се очекува гласање во парламентот на Каталонија. Сеценионистичките партии бараат глaсањето да биде тајно. Седницата ја напуштија пратениците на Социјалистичката партија, Граѓанската партија и Сиудаданоса.

14.20 – Во тек е расправа во каталонскиот парламент. Портпарол на каталонската опозиција го искина предлогот на сепаратистите.

13.25 Тензично во шпанскиот парламент – Расправа за постоење баскиска нација со аплаузи и повици.

11.35 – Каталонските партии кои се залагаат за независност поднесоа барање во регионалниот парламент да се прогласи Република Каталонија

10.40 – Ако се усвојат мерките прв потег на шпанската Влада ќе биде смена на Пуџдемон, нагласи Рахој во Сенатот.