Каталонците го загубија и шпанскиот куп
Барселона можеби имаше повеќе од играта и поседот на топката, меѓутоа Валенсија ја освои својата прва титула од Копа дел реј по 11 години, со фантастична 2:1 победа на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја, за уште едно разочарување на Блауграна по „колапсот“ во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Кевин Гамеиро во 21. минута и Родриго 12 минути подоцна успеаја да ја „фатат“ одбраната на Барселона на „спиење“ за изненадувачко 2:0 водство на тимот на Марселино, по што Барселона неуспешно тргна во напад до крајот на мечот.
Во 57. минута, Лео Меси ја погоди пречката по асистенција на Малком за да ги потсети „Лос че“ дека работата не е завршена, а во 71. минута во супер-шанса беше Жерард Пике, повторно по акција на Малком, но неговиот обид заврши до левиот дирек на голманот Доменеш. Притисокот се исплатеше во 73. минута, кога Меси го фати „отпадокот“ по одбраната на голманот на ударот на Ленгле со глава, за да намали на 2:1.
И покрај тоа што Барселона имаа над 75 отсто од поседот на топката и не престануваа со опсадата на голот на противникот, тоа беше максимумот од тимот на Ернесто Валверде, чија иднина сега сигурно ќе биде тема во каталонските медиуми.
Ова е осма титула од Копа дел реј за двократните шпански шампиони, Валенсија, но и прва титула од 2008 година, кога во финалето на кралскиот куп со 3:1 го победија Хетафе.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација