Македонија
22. September 2020 - 13:32

Касами: Приватните фирми да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови за вработување

Лидерот на Беса, Биљал Касами во интервју за ТВ21 во емисијата „Click Plus“ рече дека ако е за популизам тој ќе каже дека приватните компании треба да работат на правична застапено, но дека во реалноста ситуацијата е друга.

„Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани“, потенцираше Касами во „Click Plus“ на ТВ21.