-->
-->
Карвахал нема да игра на Европското првенство
-->

Фудбалерот на мадридски Реал, Дани Карвахал ќе го пропушти Европското првенство во Франција кое ќе се игра од 10 јуни до 10 јули.
Негова замена во селекцијата на актуелниот бранител на трофејот Шпанија ќе биде Ектор Белерин од англискиот премиер лигаш Арсенал, кој за црвената-фурија дебитираше во неделата на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина (3-1)
Десниот бек на Реал, Карвахал кој беше на списокот на селекторот Висенте Дел Боске, ќе мора да го пропушти првенството поради повредата на бутниот мускул, со која се здоби во саботата за време на финалниот меч во Лигата на шампионите, а кој неговиот тим Реал го доби мечот против градскиот ривал Атлетико.
Според информациите кои ги пренесуваат шпанските медиуми, Карвахал, ќе мора да паузира најмалку 3-4 седмици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
