Македонија
14. March 2024 - 19:53

Карневалците ја презедоа Струмица

Карневалџиите ја презедоа власта во Струмица. Во наредните осум дена тие ќе владеат со градот. Си симболичното предавање на градскиот клуч од градоначалникот Костадин Костадинов во рацете на карневалскиот одбор и официјално започнаа карневалските свечености. Костадинов На организаторите им порача да бидат добра локална власт, ана струмичани добри домаќини кои ќе ги отворат портите за сите посетители и од земјата и странство.

Од името на карневалските групи  клучот го презеде претседателот на карневалскиот одбор Александар Цицимов. Вети дека ќе ја оправдаат довербата и ќе понудат незаборавно карневалско доживување за сите посетители.

За време на осум дневните карневалски свечености кои завршуваат на верскиот празник Тримери, најавена е богата програма со голем број различни содржини. Кулуминацијата треба да се случи во сабота за кога е закажано главното дефиле на кое ќе учествуваат 49 карневалски групи. Од нив  20 се гости од странство.