Свет
3. March 2022 - 11:59

Карл Билд: Шведски ловци пресретнале руски бомбардери над Балтичкото Море

Два ловци СУ27 и два ловци-бомбардери СУ24 на руските воздухопловните сили накусо го нарушиле воздушниот простор на Шведска над Балтичкото Море.

Ова на својот профил на Твитер го соопшти шведскиот дипломат Карл Билд, кој додаде дека руските авиони биле пресретнати од шведски борбени авиони „Грипен“.

Нарушувањето на шведскиот воздушен простор се случило источно од островот Готланд во Балтичкото Море.