-->
-->
Каратистите на Макпетрол пристигнаа во Ротердам
-->

Македонските каратисти членови на клубот Макпетрол, денеска во утринските часови пристигнаа во Ротердам. Тие претстојниот викенд во овој холандски град ќе земат учество на најпрестижниот турнир од Светската 1 Премиер карате Лига, организиран од странa на Светската Kарате Федерација (WKF).
Од КК Макпетрол за Ротердам заминаа девет натпреварувачи кои ќе настапат во дисциплината борби поединечно во тежински категории:
Симона Заборска категорија борби -55 кг, Моника Пендаровска -55 кг, Наташа Стефановска -61 кг, Анамарија Несторовска -61 кг, Моника Стефановска -68 кг, Анѓела Мојсовска -68 кг, Селена Таушанова +68 кг, Петар Заборскаи -75 кг, Халит Османи -75 кг.
Тренерот Бошко Заборски очекува неговите избраници да с еприкажат во најдобро светло.
- Во Ротердам заминуваме со сениорскиот состав од нашиот клуб. Како што знаете комплетната сениорска репрезентација на Македонија во дисциплината борби составена е претежно од девојките на Макпетрол. Овој турнир за нас има два приоритета. Прво тој е критериумски за влез во националната репрезентација и истовремено преставува и најдобра контрола за нашите каратисти кои се подготвуваат за европското сениорско првенство кое ќе се одржи во месец мај во Турција. Се надеваме на добро преставување во директна борба со сите најдобри каратисти од целиот свет, изјави Заборски.
До сега има пријавени 1.258 каратисти од 73 земји.
Светската Карате Федерација овие турнири ги категоризира со многу висок коефициент кои изнесува (5). Европските првенства имаат коефициент (6). Тоа значи ако си прв во Европа ќе добиеш 600 бода, а прво место од Ротердам носи 500 бода на ранг листат на Светската карате федерација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД одобрија продажба на оружје на Тајван, прва откако Трамп се врати во Белата куќа
-

Исчезната 50 годишна велешанка
-

Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“
-

Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции
-

Без струја делови од неколку скопски општини
-

Украински напад врз рускиот град Новоросијск, погодени брод и складиште за нафта
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
