Свет
2. August 2015 - 10:39

Карамбол во Франција: Четворица загинати и 10 повредени во тешка сообраќајна несреќа

Четири лица загинаа, а повеќе мина се повредени во синоќешната тешка сообраќајна несреќа во близината на Роан, Франција, јави  дописникот на МИА од Париз.

Несреќата се случила кога возилото од марката „Цитроен-Берлинго“ околу еден часот по полноќ излетало од патот. Во него се наоѓале 14 лица, наместо дозволените пет на возраст од 15 до 17 години.

Повредените се наоѓале во тешка здраствена состојба.

Возилото се движело по полски пат полн со кривини, а возлилото по излегувањето од патот се превртило повеќе пати, а наводно и возачот бил малолетник.

Истражните органи работат на откривање на сопственикот на возилото и зошто толку лица се наоѓале во него. Се врши и контрола на алколхолот или користење на наркотични средства.