-->
-->
Карамбол кај село Лажани, една жена тешко повредена
-->
Вчера околу 14,00 часот на локалниот пат с.Лажани-с.Житоше кај м.в.„Боринско“ случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистерски ознаки управувано од М.С.(39) од с.Житоше, возило „Форд Ескорт“ без регистерски ознаки, управувано од Н.Д.(40) од с.Дебреште, и возило „Фиат Брава“ со прилепски регистерски ознаки управувано од Ш.А.(60) од с.Житоше.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила една сопатничка од патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ С.С. која била пренесена во градската болница Прилеп, за укажување на лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи