Каракачанов се согласи со Заев: Власта во Бугарија била со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти
Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти.
Ова го истакна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој се вклучи онлајн на радио Канал 77 во моментот додека гостин во студиото беше и македонскиот премиер Зоран Заев.
Тој се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Вели таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца.
– Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 94 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не е против Македонците. Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата, и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов.
Премиерот Заев истакна дека сепак Договорот со Бугарија од 2017 година може да даде резултат ако се спроведе и ако двете страни се почитуваат во преговорите.
-Со господинот Каракачанов многу често разговараме за добрата иднина помеѓу Бугарија и Македонија, помеѓу двата народи и јас верувам дека правиме се од двете страни тоа да го постигнеме, но точно е, факт е дека во секое поглавје може Бугарија да ја блокира и Македонија и Албанија и Србија и Црна Гора заради тоа што тоа право го има секоја земја членка. Каракачанов но и премиерот Борисов се за пријателство, сакаат двата народа да бидат пријатели, еве господинот Каракачанов нема проблем да зборува за македонскиот народ, да зборува за јазикот, но истовремено јас ги разбирам и потребите на Бугарите и на владата во Бугарија дека треба да се утврдат историски факти и низ духот на пријателството на основа на тие историски факти да ја градиме иднината, изјави Заев.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар