Фудбал
26. October 2017 - 20:52

Карабао куп: Манчестер Ј. гостува кај Бристол во четвртфиналето

Четирите големи екипи од англискиот фудбал кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Лига купот (Карабао куп) нема да играат меѓусебе во оваа фаза од натпреварувањето. Бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед ќе гостува кај единствениот член на Чемпионшип дивизијата Бристол Сити.
Два дуела ќе се играат во Лондон. Челзи е домаќин на Бурнемут, додека Арсенал ќе игра против Вест Хем.
Последната двојка е Лестер против Манчестер Сити.
Натпреварите ќе се играат на 19 и на 20.декември.
Инаку, извлекувањто на двојките доцнеше со почетокот поради технички проблеми.