Фудбал
21. May 2017 - 15:34

Канте број 1 во Премиер лигата

Играчот на Челзи Н’Голо Канте е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата. Во изборот учествуваа експерти, капитените на премиерлигашките екипи и навивачите.
 
Францускиот репрезентативец минатото лето од Лестер пристигна во тимот на Антонио Конте и во својата прва сезона ја освои шампионската титула со Челзи. Интересно Канте во последните две сезони освои две шампионски титули, бидејќи истото го направи во претходната сезона со Лестер.
 
Покрај 26-годишниот Канте во конкуренција за играч на сезоната беа уште и неговиот соиграчи Еден Азар и Сесар Аспиликуета, односно фудбалерите на Тотенхем Хати Кејн, Деле Али и Јан Вертонген, како и напаѓачите на Евертон и Арсенал Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.
 
Претходно Канте беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и во изборот кој го организраат Здружението на професионални фудбалери и англиските спортски новинари.