Живот
4. October 2018 - 22:59

Канибали го згрозија светот: Момче и девојче (12) го убиле Александар и му го изеле мозокот зошто немале што друго да јадат

Нов случај на канибализам ја потресе Русија, кога во местото Новинки, недалеку од Санкт Петербург е фатен педофил анибал (22) и девојче од 12 години.

Тие се обвинети за убиството на Александар Попович (21), чие тело потоа го исекле на парчиња и му го изеле мозокот.

Žrtva, Aleksandar Popovič

Мажот е осомничен и за силување на девојчето, која исто така е обвинета за соучество во убиството и парчосување на телото.

Неименуваната двојка наводно го „сварила мозокот“ на Александар Поповиќ, а неговата отсечена глава е пронајдена во рерна во куќа во селото Новинка, каде живеела жртвата.

Тие наводно во полиција во текот на сослушувањето рекле дека го изеле мозокот на жртвата зошто во куќата немало ништо друго за јадење.

Соседите виделе чад во кујната и веднаш повикале полиција како и братот на Александар.

„Влегов во куќата низ прозорецот и видов дека се е превртено, некои работи се однесени, а потоа го видов велиот чаршаф кој се натопувал со крв. Само излетав надвор, и го молев богам тоа да не е мојот брат, рече братот на Александар. Тој потоа со помош на соседите ја обил вратата и тогаш му се оствариле најлошите сомнежи.

Шокантното видео го објави руската истражна комисија и на него се гледа неуредниот крвав стан во приземјетото како и делови од телото на жртвата покриени со бела облека.

Девојчето 10 дена пред бруталното злосторство побегнало од својата куќа во Сочи за да биде со момчето, а се претпоставува дека се запознале преку интернет. Сепак нивната поврзаност со жртвата не е позната.

Момчето е задржано во притвор и му се заканува 15 години затвор поради убиство и сексуално општење со малолетно лице, додека малолетното девојче по закон кривично не може да одговара и е предадено во Центарот за социјална работа.

Снимката е со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: