Македонија
14. November 2019 - 16:35

Кандидатот за Eврокомесар за проширување Вархелји смета дека Скопје и Тирана треба да почнат преговори пред мај

Северна Македонија да ги почне преговорите пред Самитот  ЕУ - Западен Балкан, закажан за почетокот на мај. Ова го посакува кандидатот за наследник на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан.. Унгарецот Оливер Вархелји на сосолушувањето во европарламенетот, рече дека негова амбиција е да ги убеди Франција, Холандија и Данска да го откочат процесот за пристапување на Македонија и Албанија.

„Треба да ги отвориме преговорите со Северна Македонија и Албанија, тоа значи дека треба да застанеме јасно зад принципот на членство и зад принципот на сопствена заслуга истовремено“, изјави Вархелји.

Кандидатот за наследник на Хан смета дека во прашање е ставен кредибилитетот на Европската унија, бидејќи како што посочи, пред одржување на референдумот за промена на името, европските лидери го посетувале Скопје ветувајќи дека со успешен референдум, ќе почнат и преговорите за членство во ЕУ.Унгарецот Вархелји, одговарајќи на прашања од европратениците рече дека нема да исклучи можноста за раздвојување на Македонија и Албанија доколку земјите покажуваат различни резултати.

„Ниеден пристапен процес не може да биде кредибилен без принципот на сопствена заслужува. Мораме да се држиме до тоа, можеби ќе дојдеме до критична точка каде една, две или три земји ги исполнуваат критериумите. Немам предрасуди во однос на тоа, ако е една Е една, ако се две – две, три – три, но не смееме никого да попречуваме во успехот. Ако покажат заложба, и ние треба да покажеме, така што можно е да се напушти принципот на пакет, но не ја исклучувам можноста за пакет“, вели Вархелји.

Вархелји смета оти Балканот е чувствително тло и затоа земјите од овој регион мора да имаат Европска перспектива.