Кандидатот на движењето „Пет ѕвезди“ победи во првиот круг за градоначалник на Рим
Кандидатот на италијанското антиестаблишмент движење „Пет ѕвезди„ Вирџинија Раџи, уверливо победи во првиот круг на изборните за нов градоначалник на Рим, освојувајќи 37 отсто од гласовите.
За втората позиција се уште се борат, во „мртва трка“ кандидатот на левоцентристичката Демократска партија на премиерот Матео Ренци и на крајната десница, со приближно освоени 22 отсто од гласовите на Римјаните.
Раџи и второпласираниот кандидат, на 19 јуни во вториот круг ќе се борат за градоначалник на „Вечниот град“.
Вчерашните делумни локални избори во Италија за градоначаници во 1300 градови и населени места, како и за Рим, Милано, Торино и Неапол, се смета за тест за позицијата на премиерот Ренци, пред следните парламентарни избори, предвидени за 2018 година.
Според се уште некомплетните податоци од приот круг, Демократската партија е во мала предност во Милано, пред партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, а слична состојбата и во Торинио.
Италијанските медиуми оценуваат дека главната битка сепак се води за главниот град на Италија, каде прогнозите навестуваат дека за прв пат во неговата историја Рим би можел да добие жена за градоначалник.
Тоа би значело „сериозен удар“ за владејачката левоцентристичка партија на Ренци, доколку на крајот „Пет ѕвезди“ движењето навистина победи и ја преземе контролата на италијанскиот главен град.
Движењето „Пет ѕвезди“ е создадено по избувнувањетоо на банкарската и финансиската криза во 2008 година. Неговиот лидер Бепе Грило изјави дека победата во Рим би значела силен поттик и за победа на парламентарните избори.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.