Македонија
19. October 2021 - 20:54

Кандидатите кои влегуваат во втор круг ја продолжија кампањата

Актуелниот градоначалник Шилегов бара поголема поддршка за втор круг на изборите. Ги повика да гласаат оние граѓани кои својот глас го дале за некој од кандидатите за Скопје, кои имале слични визии како и него за градот, но не ја добиле довербата.

Поддршка од сите оние кои сакаат промени во Тетото, очекува и Беса.

Кандидатите кои влегуваат во вториот круг немаат време за губење. Опозицискиот кандидат за Битола за Битола најави изградба на рекреативниот центар Тумбе Кафе Смолево.

Поставување на сончеви колектори за граѓаните најави кандидатот за градоначлалник на Радовиш Ристов кој исто така доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

До вториот круг на изборите има 12 дена. Кампањата пак ќе трае до петок на полноќ, односно уште само 10 дена.