Македонија
20. October 2015 - 15:06

Канализациона мрежа и колекторски систем во село Чифлик, општина Чешиново Облешево

Општина Чешиново Облешево започна со реализацијата на изградбата на канализационен систем за одпадни води, со кој ќе се реши повеќедеценискиот проблем на над 1.500 жители од ова населено место.

- Изведувач на работите е компанијата „Сандра инженеринг“ Дооел Скопје. Примарната канализациона мрежа е со должина од 4.690 метри, додека колекторскиот систем е со должина од 628 метри. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 16 милиони денари, средства кои општината ги доби со проект од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.
 
Доколку дозволат временските услови  канализациониот систем за одпадни води  и колекторскиот систем се очекува да бидат готови за три месеци.