Канадскиот премиер во посета на САД
Канадскиот премиер Џастин Трудо престојува во Вашингтон, во прва официјална посета на еден канадски премиер на САД по безмалку 20 години.
Во текот на престојот, Трудо денеска ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, при што како главни теми на разговорите се посочуваат трговските врски и заштитата на животната средина.
Посетата доаѓа по обновените политички врски меѓе двете соседни земји, кои беа „заладени“ изминатите години во време кога премиер на Канада беше конзервативецот Стивен Харпер.
Обама ја обнови поканата до Трудо за официјална посета на САД, веднаш откако младиот канадски либерален политичар беше избран за нов премиер, по изборите во октомври 2015 година, на кои беше прекинато деветгодишното управување на конзервативците.
Односите меѓу САД и Канада се заладија, откако американската Администрација одлучи да се откаже од гигантскиот проект за изградба на нафтовод што требаше да ги поврзе канадската провинција Алберта со америкнскиот брег во Мексиканскиот Залив.
Официјален Вашингтон сега вели дека проблемите поврзани со климатските промени се поважни од разликите што постојат околу нафтоводот.
Ново на Сител
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година