Канада предупреди за соодветни мерки, доколку Вашингтон ја поништи НАФТА
Канада ја предупреди новата американска Администрација на претседателот Доналд Трамп дека ќе преземе соодветни мерки, ако САД воведат нови царини.
- Канада одлучно ќе ги застапува своите интереси во евентуалните преговори со САД за преразгледување на Северноамериканската спогодба за слободна трговија, позната, како НАФТА, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Кристија Фриланд, по средбата во Вашингтон со новиот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон.
- Најдобрата одбрана е нападот, додаде таа
Како што јави Си-Би-Ес, Фриланд нагласи дека зголемувањето на царините во рамки на НАФТА ќе се одрази негативно на Канада, но и на САД.
- Канада безусловно беше и ќе биде подготвена да застане на силни одбранбени позиции, додаде таа.
Пред почетокот на средбата двајцата министри одбија да соопштат дали планираат да разговараат за натамошната судбина на НАФТА, по неколкуте изјави на Трамп дека сака преразгледување на спогодбата, склучена меѓу САД, Канада и Мексико во 1992 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација