Кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола денеска во соработка со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје, почна кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени во Република Македонија.
Кампањата се реализира во рамки на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“ и е финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, а предвидува организација на карван кој покрај информативна, ќе има и советодавна улога.
- Негативните влијанија на климатските промени претставуваат најголема закана за земјоделското производство и затоа важно е да се подигне знаењето и свеста кај земјоделците за ризиците и проблемите кои ги очекуваат, но и можностите за нивно надминување преку превземање на конкретни мерки и активности. Република Македонија се наоѓа во исклучително ранлив регион и последиците од климатските промени врз производството на храна се чувствуваат секојдневно. Со цел прилагодување на начините на производство, како обезбедување на оптимални приноси од страна на домашните земјоделци, во рамките на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“ изработени се препораки за адаптација на домашното земјоделството кон климатските промени, истакнаа организаторите на денешниот промотивен настан во Битола.
Карванот ја почна својата мисија од Битола, а промотивните настани ќе продложат во Крива Паланка, Куманово, Штип, Струмица, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Тетово.
- Со цел правилно информирање на јавноста, а пред се земјоделската заедница, во рамките на кампањата предвидена е дисеминација на информативни материјални, но и практични совети за земјоделците. Во градовите каде ќе се спроведува кампањата, промотивните активности ќе бидат реализирани во соработка со претставници на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како важни чинители во процесот на размена на информации помеѓу стручната и научната јавност и земјоделците. Во дисеменацијата на материјалите ќе бидат вклучени и локални невладини организации и земјоделски здруженија, како и волонтери и активисти на ЦЕД „Флорозон“-Скопје, беше истакнато пред почетокот на кампањата која тргна од Битола.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок