Џет-Сет
1. December 2017 - 21:59

Камион удрил во автомобилот на познат фолк пејач

Мирослав Илиќ доживеал несреќа, откако во вторникот попладне, камион се забил во неговиот автомобил и му направил штета од 100.000 денари.

Возилото на фолк пејачот било паркирано во близина на центарот на градот, додека тој со пријателите бил во блискиот ресторан.

Пејачот за српските медиуми изјавил дека не почувствувал шок ниту стрес поради несреќата.

- Не е тоа ништо страшно ниту драматично. Човекот скршнал од улицата и погрешно проценил. Ми го изгребал автомобилот. Јас за тоа време бев во ресторан - изјавил пејачот и додал дека не бил загрижен поради целата ситуација.