Македонија
6. February 2018 - 10:50

Камион удри во паркиран камион кај Волково, возачот тешко повреден

Синоќа во 19,00 часот на обиколницата на град Скопје, во атар на село Волково, се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, со приклучно возило, управувано од А.С.(53) од село Горно Седларце, тетовско и паркирано товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки.
 
Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што е задржан на понатамошно лекување.