Македонија
27. јуни 2018 - 10:00

Камион се преврте на патот Прилеп - Градско, возачот и сопатникот повредени

Вчера во 14.00 часот на патот Прилеп – Градско во атарот на с. Камен Дол, Н.С.(23) од село Кучевиште, скопско, управувајќи товарно моторно возико „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С., а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(21) од Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.