Македонија
23. November 2022 - 9:41

Камион повторно пропадна на скопскиот плоштад

Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.

Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.

Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред неколку месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Граски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“.