Фудбал
7. јуни 2018 - 21:43

Камерунецот Мбела во Силекс

Камерунецот со француски пасош Емануел Мбела е ново засилување за ФК Силекс од Кратово. 

Мбела кој игра по десната страна минатата сезона настапуваше за ФК Шкупи каде одигра 16 натпревари и постигна еден гол.
Силекс претходно го ангажира Филип Миленковски и се најавуваат уште 4-5 звучни имиња.