Камерон: Брегзит претставува ризик за мирот во Европа
Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека мирот во Европа би можел да биде доведен во прашање, доколку Велика Британија гласа за напуштање на ЕУ.
- Британија во минатото зажалила секогаш кога и вртела грб на Европа, вели Камерон, посочувајќи дека создавањето на Европската унија помогнало за помирувањето на државите и за воспоставувањето на мирот.
Премиерот Камерон смета дека ЕУ со Британија како нејзина членка, помагаат за заедништвото на земјите кои со децени пред тоа, биле често „фатени за гуша“ но тој вели и дека мирот и стабилноста на континентот, што со децении го уживаат неговите жители, не може да се гарантира.
Тој потсетува дека иако во поголемиот дел од Европа, мирот се одржува од 1945 година, во делови од континентот имаше војни, како во Босна пред повеќе од 20 години или на два пати по руските интервенции во Грузија и во Украина.
Камерон затоа се спротивставува на изолационизмот на Бритзнија од Европа, инсистирајќи дека тој никогаш не и носел добро на земјата.
- Вистината е дека сето она што се случува во нашето (британското) соседство ја тангира и Британија, потенцира Камерон, потсетувајќи на тоа, со случувањата од 1914 година (Првата светска војна), од 1940 (Втората светска војна) и на 1989 година и падот на комунизмот во Источна Европа. За британскиот премиер овие датуми се истоветни по значењето, како настаните од подалечното минато и војните во 16 и 18 век, или во 19 век, со битката кај Ватерло.
- Да не се претвараме, дека ако работите тргнат на лошо во Европа, ние во Велика Британија можеме да останеме имуни на тие случувања, вели британскиот премиер Дејвид Камерон.
Неговата изјава за врските на Брегзит и европскиот мир доаѓа по предупредувањето од поранешниот директор на британската разузнавачка агенција МИ6 Џон Сојерс дека напуштањето на ЕУ ќе ја направи Британија помалку безбедна.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај