Живот
8. April 2019 - 13:56

Камерите снимија ужас на пат во Африка: Невнимателен возач удри работник, несреќниот човек одлета во воздух

На интернет се појави вознемирувачка снимка од Јужна Африка кој прикажува како автомобил покоси работник на пат.

Се се случи на прометен пат во недалеку од Кејптаун, а работникот Ксолеле Финдела (32) се здоби со сериозни повреди.

Полицијата покрена истрага против возачот кој возел околу 100 километри на час, на делница каде е дозволено 80. Немилосрдно го удри работникот на патот, кој носи портокалова облека, а по страотниот удар воопшто не запрел туку продолжил да вози.

Несреќата ја сними брачна двојка која била во друг автомобил на патот.

„Беше ужасно. Плачевме, а нашите деца повикуваа што побрзо да си одиме од таму“, рече мајката Ерли.