Македонија
10. September 2021 - 16:38

Камчев со ново барање да се брани од слобода

Бизнисменот Орце Камчев денеска и лично побара укинување на мерката притвор. На рочиштето за „Плацеите на Водно“, Камчев побара судот сам да му определи банкарска гаранција или кауција за да се брани од слобода, откако повеќепати претходно беа одбиени неговите понуди од неколку милиони гаранција во пари, имот и акции.

Пред судечкиот совет потенцирапе дека двата основи по кои 7 месеци се држи во притвор се неосновани.

- Имав времен пасош од мај 2019 до ноември 2020 и го користев 56 пати за службени патувања. Последен пат го користев четири дена пред истекот, за итно патување во Истанбул за што е информиран и министерот Спасовски. Да сакав да бегам, ќе избегав. За белешката од АБН сум подготвен веднаш на полиграф да одговарам. Второ, обвинителката манипулира дека јас поседувам фирми во Србија, Хрватска, Косово и Русија, за кои доставивме податоци од централните регистри од овие држави дека сите овие компании се затворени, со што се покажува дека доставените докази од Обвинителството се лажни и неточни, изјави Камчев на денешното рочиште за „Плацевите на Водно“.

Ваквото барање судот ќе го препрати до обвинителството и со нивното мислење подоцна до Кривичниот совет. Одлуката на судот се очекува следната недела.

На денешното рочиште обвинителката Лиле Стефанова почна со презентирање нотарски заверки на документи и потврди за плаќања од извршени купопродажби, како дел од материјаните докази за предметот.