Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“

Судскиот совет е во тек, ја следи состојбата и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.
Прашан дали Судскиот совет ќе го провери постапувањето на судиите со оглед дека три пати се оддолжува издржувањето на казната, Камбовски рече дека Судскиот совет е во тек и ја испитува работата.
- Ако имаме нешто конкретно овде веќе ќе имавме постапка. Ние сме во тек, ја испитуваме работата, проверуваме. Не е оставено во смисла дека Судскиот совет ништо не прави. Ние мора да утврдиме дали воопшто има некаков пропуст кај судот. Доколку има, ние сме сега до таа фаза да речеме доколку има, Законот си определува што треба понатаму да се прави, изјави Камбовски.
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, кој е осуден на 10-годишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци, на почетокот на неделава доби ново 15 - дневно одложување на терминот кога треба да отпочне со издржувањето на затворската казна.
Судија за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, одобрил одложување поради закажана операција за кила на тестиси на Белули во Тетовската болница. Новиот термин кога Белули треба да почне со издржување на казната е 17. декември. Ова е трето одложување на одењето во затвор на Белули поради здравствени причини.
Случајот се најде во фокусот на јавноста откако Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, кој исто така е осуден на 10 години затвор, го одлагаше издржувањето на затворската казна поради операција на кила на тестиси, по што не се појави во „Идризово“ за издржување на казната и по него е распишана потерница.
Во јануари 2023., Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи обвинетите за виновни и изрече вкупно 39 години затворски казни. Во мај 2025, Апелацискиот суд Скопје им ги зголеми затворските казни. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули од 4 на 10 години, одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари од 6 на 10 години, а двајцата вработени во технички преглед – Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски – од 5 на 7 години. Казната на возачот Маноил Трифуновски остана 14 години, а на третиот вработен во технички преглед Јане Боваровски остана 5 години.
МИА
Ново на Сител
-

Русија ја нападна Украина со дронови и проектили
-

Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
