Македонија
4. May 2017 - 17:08

Камбовски: Неопходни се политички дијалог и владеење на правото

Потребна ни е анализа зошто дојде до настаните околу конституирањето на Собранието, но многу поважно е сега е да не се изгубиме во пресметките за сето ова и оти тоа треба да го расчистат екипи кои ги познаваат овие прашања на владеење на правото. Патот натаму е спроведување на договорот од Пржино и надминување на внатрешните непријателства преку воспоставување политички дијалог, оцени академик Владо Камбовски во изјава за медиуми по доделувањето на нагрдата  „Гоце Делчев“ во својство на претседател на Одборот за доделување на наградата.

- Што понатаму, понатаму патот мора да биде едноставен зацртан и јасен. Тоа е патот на Пржино, патот на идните реформски приоритети  што се јасно дефинирани. Тоа е патот за брзи реформи по кои треба да помине РМ за да не се случи да дојде до промена на власта, а да не се промени системот, бидејќи последица на целиот тој систем беа на крајот од краиштата ваквите слчувања. Се разбира дека во таквите напори да се совлада една таква огромна задача мора да се надминат внатрешните непријателства и да се отвори политички дијалог затоа што сите тие работи, се разбира, може само власта и опозицијата заедно да ги изведе потпирајќи се на домашната памет, и затоа е значењето на оваа награда, потпирајќи се на научни истражувања, на анализи и се разбира на соработка, порачува академик Владо Камбовски.

Според него, до настаните во Собранието дојде бидејќи државата не се движи по колосекот на владење на правото и на доследно почитување на Уставот, кој, додава, прцизно го одредува траењето на конститутивната собраниска седница.

- Одредбите од Уставот, посебно член 63, се многу прецизни и одредуваат дека конститутивното собрание мора да биде свикано и завршено во рок од 21 ден од одржаните избори, бидејќи изборите беа регуларни, правични итн. Значи, конститутивното собрание мораше да се одржи и да се заврши со трите елементи, верификација за мандатите, избор на комисија за именување и избор на претседател, најдоцна 21 ден од одржаните избори. Уставот одредува и други рокови кои исто така мора стриктно да се почитуваат и тука не смее да има никакви импровизации, нагласи Камбовски.

Запрашан кому оди во прилог ваквата ситуација, тој рече дека тоа заслужува дополнителна анализа, но, оти во секој случај, загубата е општа, на сите граѓани.

Камбовски кој е експерт по Кривично право и поранешен претседател на МАНУ, смета дека е потребно стрикно почитување на Уставот и во делот на доделувањето на мандатот за формирање влада, кое е, вели, стриктно определено и неврзано за никакви услови.

- Зошто е Уставот, не само нашиот Устав, туку и другите устави региден во однос на тоа прашање, бидејќи конституирањето на Собранието, изборот на владата ја изразува, ја иституционализира волјата на граѓаните, волјата формирана низ парламентарните избори. Таа волја е апсолутна и таа мора беспоговорно да се почитува. Затоа што ако не ја почитувате таа волја, ако влезете во некои импровизации на толкување на Уставот, слушнав и една импровизација дека може таа седница да трае и четири години. Тоа значи државата да нема собрание, да нема законодавна власт, да нема влада, таа повеќе не е држава. Држава која ги нема овие базични институции по дефиниција не е повеќе држава. Значи стрикно почитување на Уставот, вели академик Камбовски.