Свет
12. November 2018 - 22:39

Калифорниските крадци не ги спречија ниту пожарите: Маскирани како шумари тргнаа во акција

Ограбувачи облечени како припадници на американската Шумарска служба се уапсени во калифорнискиот град Парадајс кој е речиси уништен од пожарите.

Во стихијата животот го загубија 29 лица, но тоа не ги спречи некои да се обидат да ја искористат туѓата несреќа.

Биле облечени во јакни со јако жолти бои слични на оние што ги носат шумарите.

Според зборовите на полицијата тие се обидувале да влезат во подрачје кое пред тоа е евакуирано.

До сега се пријавени 53 обиди за кражби во опустошените подрачја.

Според медиумите покрај крадците имало и обиди за кражби, така што 4 лциа се уапсени откако на човек на пат му се заканувале со пиштол. Тројца од претходно имале налози за апсење, а четвртиот е наркоман.