Свет
10. October 2019 - 12:18

Калифорнија во мрак: Над милион луѓе без струја, затворени училиштата и маркетите, а ги очекуваат и нови проблеми

Повеќе од милион луѓе во Калифорнија останаа без струја, откако главната дистрибутивна компанија го прекина снабдувањето како мерка на претпазливост, поучена од искуството од минатата година кога силни ветрови смртоносен пожар во таа американска сојузна држава.

Оваа драстична мерка предизвика долги редови во супермаркетите и продавниците за техничка стока во северниот дел од калифорнија зошто луѓето побрзаа да купат вентилатори, батериски лампи, батерии.

Во училиштата и на универзитетите наставата е откажана, а затворени се и бројни претпријатија и продавници.

Компанијата „Пацифик гас енд електрисити“ предупреди претходно дека без струја може да останат речиси два милиони луѓе во околу 30 окрузи во Калифорнија.

Компанијата соопшти дека струјата е исклучена од претпазливост во средата и ги повика жителите и фирмите да се подготват да бидат без струја дури седум дена.

Метеоролозите најавија дека во среда ќе почнат да дуваат силни, разорни ветрови, кои, покрај ниската влажност, би можеле многу брзо да го рашират огнот.