Калифорнија прогласи вонредна состојба поради пожарот околу Лос Анџелес
Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун прогласи вонредна состојба во пошироката област на Лос Анџелес, откако големиот пожар што започна во саботата се приближи до реонот на Бурбенк.
Околу илјада пожарникари, со стотина противпожарни возила, како и девет специјализирани хеликоптери се борат со огнената стихија, која досега уништи неколку станбени згради, десетина други домови и објекти.
Претставник на полицијата соопшти дека досега поради прегреаност на нивните тела настрадале двајца пожарникари, но дека нивната состојба не е опасна по живот. Според полицијата засега нема сознанија за други повредени или за настрадани лица.
Над 300 куќи во реонот на Бурбенк, позната населба недалеку од Лос Анџелес, како и 180 други во градот, се итно евакуирани поради пожарот кој се заканува да навлезе подлабоко во овој милионски град.
Откако за прв пат се појавил на падините на планината Вердуго, во близината на Лос Анџелес, пожарот за кратко време се рашири на над две илјади хектари шума, .
Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети кој претходно потпиша декларација за локална вонредна ситуација, изјавил дека градот се соочува со „најголемиот пожар во историјата“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок