Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека желбата на Брисел да соработува со Вашингтон се заснова на принципите за кои САД отсекогаш се залагале, а тоа се слободата и независноста, односно основните принципи на меѓународното право.
Калас за Си-Би-Ес изјави дека ЕУ заедно со САД предложиле резолуција за поддршка на Украина за која се гласаше во Обединетите нации минатата недела и која предвидува повлекување на руските трупи, но дека Вашингтон го променил ставот по разговорите со руската делегација и гласал против усвојувањето на таа резолуција.
- За нас беше изненадување што САД наеднаш ја сменија својата позиција.
Морам, знаете, навистина да нагласам дека заедно со новата (американска) администрација подготвивме резолуција за поддршка на Украина.
Но, кога се сретнаа со Русите, потоа нешто се случи, бидејќи однесувањето се промени.
Значи, прашањето е каде понатаму? Нашата волја и желба е да работиме заедно со нашите трансатлантски партнери на принципите за кои САД отсекогаш се залагале, рече Калас.
Таа минатата недела во Обединетите нации рече дека САД се усогласени со „новите пријатели“ – Русија, Белорусија, Судан, Северна Кореја – во ОН бидејќи тие земји гласаа против резолуцијата за Украина поддржана од ЕУ, која бара повлекување на руските трупи.
На 24 февруари, САД гласаа против резолуцијата за Украина на Генералното собрание на ОН, отфрлајќи ја формулацијата која ја обвинува Русија за инвазијата на Украина и повикува на прекин на војната.
Резолуцијата ја изгласаа 93 членови, 18 против и 65 воздржани.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје