Македонија
8. March 2017 - 17:56

Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната температура од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура до седум, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Во петок на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално и со умерен интензитет. За време на викендот ќе има повеќе сончеви периоди и умерен, а во сабота засилен северен ветер.