Џет-Сет
27. August 2017 - 19:27

Какво лудило: Брена се забавува на фестивал на електронска музика, во вакво издание досега не сте ја виделе!

Лепа Брена веќе еден месец се забавува надвор од Србија, а нејзината моментална локација на која ужива е Хрватска. Според снимките и фотографиите кои ги објавува, може да се види колку пејачката е различна во приватноста, колку е опуштена и ужива во својот живот.
 
Брена се забавува со својата колешка Сања Ѓорѓевиќ и пријателката Ката, далеку од посилниот пол.
Сепак, дека пејачката мисли на мажите е доказ видеото со кое го почасти посилниот пол. Погледнете го видеото и ќе разберете зошто мажите и порачаа дека е кралица...