Македонија
27. May 2016 - 9:15

Какво ќе биде времето денеска?

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Најтопло ќе биде за време на викендот и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд со појава на грмежи.