Македонија
16. October 2019 - 17:02

Каква младина има Македонија? - Декларативно религиозна, практично модернистичка

Младите во Македонија се религиозни теоретски но не и практично. Последната анкета на фондацијата Конрад Аденауер, ИПИС и порталот религијамк, покажува дека младите генерално почитуваат одредени морални критериуми како дел од религиските нормативи. 46,9 проценти од испитаниците сметаат дека се целосно религиозни додека 36 проценти одговориле дека се донекаде религиозни. Одговорите пак голем број прашања покажуваат дека сепак младите се водат по модерните  принципи кога се во прашање конкретни животни ситуации. 55,5 проценти сметаат дека се прифатливи предбрачни сексуални односи, за 14,7 донекаде се прифатливи а само за 14,3 процети од младите се неприфатливи. Неверство пред брак е неприфатливо за 55,9 проценти а дури 73,7 од испитаниците не би простиле неверство во брак. Заеднички живот пред брак одобриле 57,2 проценти. Доколу партнерот изврши прељуба, тоа не би го простиле 80.4 проценти, а преку ова би преминале само 9,5 од младите.  Граѓански и верски брак би склучиле повеќе од половина од испианиците 55, 1%, 22 проценти се определиле само за граѓански,  4,5 проценти би живееле во неформална брачна заедница, а 8,9 проценти доколку е можно би склучиле само верски брак.

На повеќе наведени причини за развод, младата популација не би трпела физичко или психичко насилство и неверство, додека најмал број од испитаниците се определиле дека би ставиле крај на бракот поради болест, физичка попреченост или не можност да создадат потомство.

Спротивно на овој концепт на традиционално општество и почитување на религиските норми, 23,7 од младите би избрале абортус, дополнително 39 би одбрале раѓање на детето но потоа би го дале на посвојување а останатит 37 не знаат како би постапиле со не планираната бременост.

 Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 708 испитаници помеѓу 16-35 години, спроведено во втората половина на јуни 2019 година.