Џет-Сет
6. July 2017 - 9:37

Како од мајка родена: Селин Дион ја надмина депресијата и се соблече гола

Минатата година беше многу тешка за Селин Дион. Прво во јануари 2016 година го загуби сопругот Рене, кој почина од рак на грлото, а само два дена подоцна почина и нејзиниот брат кој долго време се бореше со карциномот.

Подоцна таа доживеа и нервен слом, но во последно време се чини дека сето тоа е зад неа. 

После подолго време таа почна повторно да настапува, а многумина забележаа и дека изгледа поубаво.

На Инстаграм страницата на магазин „Воуг“ се појави фотографија на Селин Дион, која е гола и интимните делови ги покрива само со рацете.

Канадската пејачка (49) неодамна тргна на европска турнеја во чии рамки веќе настапи во Париз, а до крајот на месецот се очекуваат и два нејзини концери во Лондон, но и во други делови на Велика Британија.

Освен тоа, таа е активна и на социјалните мрежи, па од нејзините објави може да се заклучи дека тешкиот период конечно е зад неа.