Македонија
4. October 2020 - 19:48

Како „Мош“ остана отворен до полноќ и покрај пријавите?

Владо Герогиев синоќа си го отпеа и вториот концерт во МОШ. Сопственикот на екслузивниот бар бил приведен, па пуштен. Кривична пријава добил од МВР. Од Пазрана инспекција локалот заработи уште една кривична пријава во рок од две недели. Поднесени се и пркршочни пријави. Од утре натаму МОШ ќе добие и пломба која досега не беше ставена заради изолацијата на инспектората која минатата недела правела записници.

Синоќа во и пред угостителскиот објект беше драматично. Пазарните иснпектори дошле во 21 часот. Ги разместиле масите според протоколите. Се вратиле во 23 и виделе по 8 лица на една маса, без маски. Побарале помош од полиција. Камерата на Сител регистрираше зголемено полициско присуство, полицајците влегле во локалот, но концертот си продолжил. Георгиев ја завршил свирката на полноќ.

Зошто ниту инспектортите ниту полицијата не може соодветно да регаира во случајов? Од МВР велат ова е пред се надлежност на Пазарна, од Пазарна пак велат немаат ингеренции да затвораат за непочитување на протоколи туку само за пречекорување на работното време. Директорот на Парзана, Стојко Пауновски, во разговор за Сител вели дека мора да се зголемат ингеренциите на инспекторите за тие да можат да затвораат и за непочитување на протоколите. Или барем да се издејствиува судовите по втора кривична пријава наместо парична или условна казна да пресудуваат казна затворат за газдите.

Од Комората пак велат дека ситуацијата не е добра. Заради десетина локали во цела Макеоднија, сите угостители се стванеи во ист кош. Некои и натаму се затворени, а тие што работат по правила според најавите ќе добијат ново ограничување на работното време заради се поголемиот број заболени.

Ноќеска инспекторите направиле стотина контроли во цела држава. Поднесени се 19 пријави, дел кривични дел прекршочни. Растуриле седум свадби. Четири локали биле затворени затоа што го пречекорила работното време. Ќе останат затворени од 10 до 30 дена и ќе платат казна. Прекршувања имало речиси во цела Макеоднија – СКопје, Струмица, Струга, Битола, Прилеп, Тетово.