Како ме промени немањето секс цела една година
Триесет и тригодишнатаРема Земан одлучила да спроведе експеримент и да се откаже од сексот цели 365 дена.
– Беше недела. Не можев да одам после таквиот секс – ја почнува својата приказна за порталот „Ју танго“.
– Со вистински партнер, сексот во врската секогаш е забавно и пожелно искуство. Но, се случи ситуација во која без секс бев четири месеци. Го живеев животот ден за ден и во еден момент сфатив дека поминаа четири месеци од мојот последен сексуален однос. Се посветив на кариерата, приватниот живот, личното развивање и одлучив да го продолжам тоа време без секс. Свесно одлучив да апстинирам од секс една година – раскажала таа.
Земан раскажала дека многу од времето, така да се рече, го трошела на врски, партнери, секс… Таа тврди дека на речиси секој партнер се трудела да му помогне да ја зголеми самодовербата, го насочувала и поттикнувала, му давала поддршка, му била љубовница, мајка, сестра, пријателка, психолог… Сето тоа го сфатила со апстиненцијата.
А, со својот експеримент, целата своја енергија, знаење и способности ги трошела само на себе и на својто развој.
– Тоа ми даде поинаков поглед на мојата личност и моите квалитети. Сега сум посилна од било кога претходно. Светот го гледам со своите очи, а не со туѓите. И чувството е одлично – заклучила Рема.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација