Македонија
15. May 2020 - 16:56

Како ќе гласаат заразените од Ковид-19

Како ќе гласаат болните од Ковид-19? Под кои услови ќе можат да го остварат граѓанското право? Дали ќе се формираат посебни избирачки одбори составени од 5 членови за ваквите случаи, ќе имаат ли придружба од медицински лица и каква заштитна опрема треба да носат? Како ќе се бројат ливчињата од позитивните на коронавирус? Овие прашања се наметнуваат откако вчера министерот за здравство го презентираше изготвениот протокол од Комисијата за заразни болести за изборниот процес. На прашањата на Сител од ресорното министерство го добивме следниот одговор.

Протоколот за гласањето на болните и изнемоштени лица, како и за затворите Комисијата за заразни болести дополнително ќе го разработи заедно со Државната изборна комисија, велат до МЗ.

Засега сигурно е само дека заразените со вирусот кои се на домашно лекување ќе гласаат од изолација ден претходно како и останатите болни.

Од ДИК велат дека за овие лица да го остварат избирачкото право потребна ќе биде голема логистика и посебни услови за заштита на членовите на избирачкиот одбор. Избирачкиот список за болните и изнемоштени се затвора 7 дена пред денот за гласањето, ако во меѓувреме некој се зарази со Корона тој ќе биде на списокот, но невозможно ќе биде да гласа.

Инаку кога и да се одржат изборите мора да има точно утврдени протоколи и за гласањето на заразените од Ковид-19 бидејќи здравствените власти тврдат дека и да се намали интензитетот вирусот нема да изчезне и ќе биде околу нас.