Живот
14. November 2017 - 14:50

Како да се „ослободите“ од гостин кој не сака да си оди?

Да се биде добар домаќин и организатор на слави може да биде нешто прекрасно, но кога ќе се случи гостите едноставно да не сакаат да си заминат, работата може да се претвори во ноќна мора.

Како да се „ослободите“ од напорните гости, а да не бидете некултурни во тоа?

Директорката на Германскиот совет за бонтон Агнес Ана Џарош советува дека на гостите треба јавно да и се даде до знаење дека на славата и се приближува крај.

„Можете да и понудите еден пијалак за крај, укажувајќи дека тоа е неговата цел“, советува Агнес Џарош.

Помага и разговор во минато време, на пример, „Вечерва си поминавме многу забавно“, а прифатлив е и суптилен момент како „Зарем веќе е толку часот?“.

„На пример: Славата започнува во 18 часот, но нема да трае цела вечер бидејќи мораме рано да се разбудиме следното утро. Тоа на вашите гости и дава некакви насоки околу тоа во кој период треба да си заминат“, објаснува Џарош.

Експертот за бонтон знае дека на луѓето е тешко да им се постави граници, но ги повикува домаќините и покрај грижата за гостите да не заборават да мислат и на себе.

„Нашето традиционално сфаќање околу пристојноста коб гостите ги става домаќините во втор план. Но, со тоа си причинуваме штета на самите себеси“, вели таа.

Сепак, советува избегнување на лажни изговори.

„Ситните лаги не ни помагаат, само ги влошуваат работите. Подобро е да се биде искрен и отворен“, заклучува Џарош.