Македонија
12. April 2019 - 12:30

Кај жител на Чегране Гостиварско откриени три килограми марихуана

При претрес на домот на четириесет и четиригодишен жител на гостиварското село Чегране, полицијата открила три кеси со марихуна.

Според СВР Тетово, вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во домот и помошни простории на лицето Х.М.(44) од село Чегране, Гостиварско.

– При претресот биле пронајдени и одземени три најлонски кеси со околу три килограми марихуана, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Х.М. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар до расветлување на целиот случај.