Македонија
14. April 2019 - 11:46

Кај Стоби уапсен криумчар, 11 мигранти пронајдени во неговото „волво“

Вчера околу 22,00 часот на автопатот А1 Неготино-Градско (кај археолошкиот локалитет Стоби) од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор ,,Михајлово“ и полициски службеници од Одделот за организиран криминал било запрено патничко мoторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот С.А. (22) од с.Петралица, се обидел да избега, но е лишен од слобода.

Во возилото биле пронајдени 11 лица-мигранти од кои едно лице од Ирак, едно лице од Пакистан, шест лица од Авганистан и три лица од Сирија.

Известен е јавен обвинител.