Каевски: Да не се одолговлекува, да се донесат 30 закони кои чекаат во Собранието
Откако неуспешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието пропаднаа, невидените чекори од Белиот дворец се сведоа на протест кој треба да се одржи за еден месец од сега.
Секако, протест е демократско право на опозицијата.
Но, тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми што тој ги има за да ја задржи фотелјата во Белиот дворец.
Сега, откако неуспешните блокади проападнаа, редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги закажат седниците на Комисиите на кои кочат важни закони за граѓаните.
Затоа што се виде дека одолговлекувањето не носи ништо, никој не добива, а граѓаните чекаат.
Да не се одoлговлекува туку веднаш да се закаже Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се усвојат измените со кои на над 17.000 тутунари ќе им се исплатат над една милијарда и триста милиони денари субвенции.
Да не се одoлговлекува туку да се донесе Законот со кој се обезбедуваат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност ид 30 kw. На среде економска и енергетска криза.
Да не се одолговлекува туку да се донесе Законот за намалување на прагот на ДДВ за регистрација на фирми, што е многу важно за компаниите.
Да не се одолговлекува туку да донесат 30-тина закони за намалување на казните, односно усогласување со Законот за прекршоци.
Народот не сака блокади а во време на најголема економска и енегетска криза и обиди за вешташко создавање криза е недоговорно.
СДСМ и парламентарното ќе продолжи да работи за граѓаните, да носи мерки и политики за поддршка на стандардот на граѓаните и компаниите во време на најголема светска економска криза.
Нема да дозволиме неодговорни политичари за спас на својата фотелја да ја закочат државата.
Парламентарни избори ќе се одржат во редовден термин во 2024 година а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на тие избори повторно ќе добијат пораз и дебакл.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“